Connect with us

Фудбал

Документацијата се подготвува, македонски напаѓач од следната сезона во Бешикташ

Турските медиуми пишуваат дека се е завршено и дека Адис Јаховиќ од следната сезона ќе го носи дресот на славниот турски клуб Бешикташ. Тој треба да биде замената за Бурак Јилмаз кој се раздели со тимот.

Јаховиќ е желба на тренерот Серген Јалчан, со кој соработуваше во Малатија и Коњаспор. Договорот ќе биде за една сезона, со можност за продолжување на соработката за уште една година.