Connect with us

Фудбал

Домагој Вида ја замени Турција со Грција

Хрватскиот интернационалец Домагој Вида потпиша со АЕК . 33-годишниот дефанзивец го напушти Бешикташ како слободен играч и се пресели во грчкиот гигант.

Договорот на дефанзивецот е на 2 години. Вида ќе добие 500 илјади евра на рака, а годишната плата во АЕК ќе биде 1,5 милиони.

Хрватот е поранешен фудбалер на Осиек , Баер (Леверкузен) , Динамо (Загреб) и Динамо (Киев) . За репрезентацијата на својата земја има 98 натпревари и 4 гола. Со „пожарникарите“ беше светски вицешампион на СП 2018 година.