Кошарка
Доминација на домашните екипи во НБА натпреварите
На четирите синоќешни натпревари во НБА, домашните екипи забележаа победи.
Филаделпсија го совлада Караменто Кингс со 129:105 на крилата на одличниот Харис, кој мечот го заврши со 29 поени и 11 скока.
Милвоки Бакс исто така забележа нов триумф над Сан Антонио Спарс 120:113, со што го продолжи бркањето кон 76-те за првото место на истокот.
Вокер со 31 поен не беше доволен за Спарс, додека кај домашниот тим Антетокумпо беше најдобар со 26 поени и 15 скока.
Мемфис Гризлис беа подобри за 111:103 од Голден Стејт Вориорс, додека ЛА Клиперс на крилата на Џорџ (21 поен) и Леонард (17 поени) го совладаа Шарлот Хорнетс со 125:98.