Connect with us

Други спортови

Доминација на Швеѓанките на спринтот класично на Светското првенство Словенија

Шведската скијачка Јона Сундлинг победи во класичниот спринт на Светското првенство во Планица.

Таа во финалето растојанието од 1,4 км го помина за 3:21,67 минути.

Втора на целта мина нејзината сонародничка Ема Рибом со 87 стотинки заостанување.

Брозата и припадна на уште една Швеѓанка – Маја Далквист со 4,5 секунди послабо време од победничката.

Во квалификациите во оваа дисциплина настапи Македонката Ана Цветановска која го освои 86. место во конкуренција на 100 натпреварувачки.