Connect with us

Фудбал

Донадони инсистира за ангажман на тетовчанецот Џемаили, наскоро би можел во Кина

Според голем број од италијанските медиуми, Блерим Џемаили, со потекло од Македонија, поточно Боговиње, тетовско, наскоро би можел да се пресели во Кина. Легендата на италијанскиот фудбал Роберто Донадони, тренер на кинескиот тим Шенжен, инсистира тој да биде донесен.

Џемаили во моментов е фудбалер на Болоња, но сезонава не е стандарден, но сепак му носи искуство на тимот на Синиша Михајловиќ. Италијанските медиуми велат дека можеби Михајловиќ да се одлучи да не го пушти Џемаили.

Инаку, Блерим Џемаили е роден во Тетово, потекнува од Боговиње, но како мал заедно со семејството се преселил во Швајцарија. Таму ја почнал кариерата, игра и за швајцарската репрезентација. Ги носел дресовите на Џирих, Болтон, Торино, Парма, Наполи, Галатасарај, Џенова и Болоња. Во 2017-та беше дел од МЛС Лигата, поточно од Монтреал како позајмен.