Фудбал
Донарума се поблиску до заминување од Милан
Италијанскиот голман не го продолжи договорот и би можел да го напушти „Сан Сиро“ на крајот на оваа сезона
Одличниот голман би можел да го напушти Милан во текот на летото.
Веста ја објави италијанскиот портал „Калчомеркато“.
„Росонерите“ се обидоа да го продолжат договорот со италијанскиот голман, но разговорите не покажаа никакви знаци за понатамошна соработка.
Ваквиот развој на настаните се чини дека ги натераа „Росонерите“ да го свртат погледот кон голманот на Торино, Салваторе Сиригу.
Донарума може да заврши во Реал Мадрид, но за него интерес покажаа и Јувентус и ПСЖ.