Кошарка
Дончиќ донесе стартна плејоф победа за Далас – фантастичен трипл-дабл на Словенецот
Словенецот играше фантастично три четвртини, додека во последната беше задржан на само еден поен.
НБА плеј-оф серијата помеѓу екипите на Денвер и Портланд започна со „брејк“ на гостите кои доцна синоќа славеа со резултат 109:123 и така поведоа со 0:1.
Големо изненадување се случи во „Стејплс Сентр“ арената во Лос Анџелес каде Далас Маверикс со 10 поени разлика триумфираше над домаќинот Лос Анџелес Клиперс и поведе со 1-0 во партии.
Кошаркарите на Бруклин, исто така, славеа во првиот натпревар од доигрувањето на Истокот, забележувајќи победа на домашен терен над Бостон со 104:93. Кевин Дурант беше најефикасен во победничкиот тим и на теренот со 32 поени, додавајќи и 12 скокови.
Портланд во првиот натпревар од доигрувањето на Западот како гости со 123:109 го надиграа Денвер, а до победата и водството од 1:0 во серијата ги предводеше Дамиан Лилард со 34 поени и 13 асистенции. Никола Јокиќ во редовите на Денвер го заврши мечот со 34 кошеви и 16 скокови.
Во првиот плејоф натпревар одигран синоќа во НБА лиагата, финалистот од ланската сезона Мајами го отвори доигрувањето со пораз од Милвоки од 107:109 по продолжение.