Connect with us

Кошарка

Дончиќ му лепеше банани на својот идол (Видео)

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс славеше против Далас со 114:103 во НБА лигата и успеа да врзе две победи во низа.

Младата ѕвезда на „маверикс“, Лука Дончиќ веројатно го одигра својот најлош натпревар откако дојде во најсилната кошаркарска лига и во „Стејплс центарот“ постигна само шест поени за 20 минути игра и со ужасен шут од поле од 2/13. Сепак Словенецот во првата четвртина успеа два пати да го блокира својот идол Леброн Џејмс и тоа во иста акција.

Суперстарот на Лејкерс беше дефокусиран во првиот период кога загуби четири топки, но потоа сериозно ја поправи својата игра и мечот го заврши како најефикасен во редовите на својот тим со 28 поени. Херисон Барнс беше најпрецизен кај гостите со 29 поени.

Резултати: Бостон – Кливленд 128:95, Шарлот – Јута 111:119, Детроит – Чикаго 107:88, Филаделфија – Вашингтон 123:98, Бруклин – Мемфис 125:131 (по прод.), Мајами – Њу Орлеанс 106:101, Оклахома – Атланта 124:109, Сан Антонио – Хјустон 105:136, Феникс – Орландо 85:99, Портланд – Денвер 112:113.