Connect with us

Кошарка

Дончиќ постави рекорд на своето деби во НБА плејофот

Орландо, 18 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, постави рекорд по број на постигнати поени во деби натпревар од плејофот на НБА лигата.

Дваесет и едногодишниот Словенец ноќеска постигна 42 поени во поразот на Далас од Лос Анџелес клиперс. Тој на своја сметка додаде и девет асистенции, седум скокови и три украдени топки.

Резултати на натпреварите првите четири средби од 1. коло во разигрувањето за трофејот во НБА лигата:

Денвер – Јута 135;125 (по продолжение)
Торонто – Бруклин134:110
Бостон – Филаделфија 109:101
ЛА клиперс – Далас 118:110. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com