Кошарка
Дончиќ за неколку дена ќе го надмине Мајкл Џордан!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше најзаслужен за триумфот на Далас Маверикс над Орландо (112:98).
Дончиќ постигна 20 поени со 11 скокови и 10 асистенции и тоа беше негов 27 трипл-дабл во неговата тригодишна НБА кариера и втор ваков учинок оваа сезона.
Со 27 трипл-дабл, тој се најде на 17-тото место на вечната листа, а следен предизвик му е да го престигне Мајкл Џордан.
Џордан имаше 28 трипл-дабл во текот на целата кариера, а за неколку дена Дончиќ ќе го престигне.

loading...