Connect with us

Фудбал

Донесена е официјална одлука за Кутињо

Баерн дефинитивно нема да го купи договорот на Филипе Кутињо, потврди Карл-Хајнц Румениге.

Минатото лето, по долги и исцрпливи преговори, Бразилецот се префрли на заем во Баерн, кој Баварците ги чинеше осум и пол милиони евра, но неговиот мандат во германскиот клуб не беше најдобар.

На „Алијанц арената“ оценија дека Кутињо е под очекувањата, па решија да не го купат неговиот договор од Барселона, што го потврди и генералниот директор на Баерн.

“Опцијата за откуп е истечена и ние сигурно нема да ја искористиме. Сега нашата цел е да ги завршиме плановите за следната сезона и да видиме дали Кутињо сепак ќе има улога во нашиот тим или не”, рече Румениге, оставајќи до знаење дека може да остане ако се намали неговиот надоместок.

Баерн очигледно реши да ги вложи парите во Лерој Сане, кој се уште е прва мета, а пред неколку дена медиумите во Германија објавија дека фудбалерот на Манчестер Сити го мами  „десетката“ на Кутињо.

Опциите на Кутињо, од друга страна, се стеснети. Најреална опција е да се врати во Англија, каде Челзи особено го посакува, а во конкуренција е и Њукасл, на чело со арапски шеик.