Connect with us

Фудбал

Донесена одлуката за Санчо, директорот го кажа последниот збор

Џејдон Санчо замина на подготовки со Борусија Дортмунд. Тоа многумина го прокоментираа како крај на надежите дека Манчестер Јунајтед може да го донесе во своите редови. Изјавата на спортскиот директор на Борусија уште повеќе ги потврди шпекулациите.

-Планираме иднина со Санчо. Ќе игра за нас и наредната сезона. Одлуката е конечна и мислам дека тоа е одговор на сите прашања, порача директорот Зорц на новинарите.