Фудбал
Дортмунд му нуди 5 милиони евра на 18-годишниот интернационалец
Борусија Дортмунд му понудила на 18-годишниот Мукоко нов договор со годишна плата од 5 милиони евра годишно, тврди Спорт 1.
Се очекува преговорите да завршат во периодот по завршувањето на Светското првенство во 2022 година, во кое Мукоко е во германската репрезентација.
Неколку тимови претходно беа поврзувани со понуда за играчот, вклучувајќи ги Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Сити.
Актуелниот договор на играчот е до летото оваа сезона.