Connect with us

Фудбал

Дортмунд не е подготвен да се откаже од Санчо во јануари

Борусија Дортмунд не е подготвена да го продаде Џејдон Санчо во јануари.

Според „Скај Спорт“, Дортмунд не веруваат дека ќе најдат соодветна замена за 19-годишниот напаѓач доколку го продадат во Јануари.

Сепак, неговото потенцијално заминување може да биде во текот на летото.

За напаѓачот заинтересирани се големите европски клубови како Челси, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Барселона, додека на Ливерпул им беше советувано од легендите на клубот да го купат Санчо.