Фудбал
Дортмунд размислува за трансфер на Емре Џан
Играчот од средниот ред моментално е разочаран од сегашната состојба на Јувентус.
Емре Џан е разочаран од неговата актуелна состојба во Јувентус.
Турскиот играч од средниот ред со германски пасош не наоѓа простор во тимот на Маурицио Сари и планира да го напушти Торино.
Во меѓувреме, германскиот таблоид „Билд“ пишува дека интерес за поранешниот фудбалер на Ливерпул покажа Борусија Дортмунд.
Тренерот Лусиен Фавре е подготвен да го засили својот тим во јануарскиот рок и Кан е една од неговите најголеми цели.
Џан оваа сезона има одиграно само четири натпревари во Серија А за Јувентус.