Connect with us

Фудбал

Дознал за семејната трагедија, но сепак истрчал на теренот, на крајот се скрши од тага, неговите солзи го обиколија светот (ВИДЕО)

Многу тажна сцена е видена на стадионот „Ла Божоле“ во Нант кој го обиколува светот со неверојатна брзина.

Имено, во центарот на вниманието беше фудбалерот Исаги Сили, кој по голема семејна трагедија најде сили да истрча на теренот за да му помогне на својот тим.

Неговата мајка починала, а трагичната вест ја дознал на денот на натпреварот. Репрезентативецот на Гвинеја и покрај неизмерната болка реши да го одигра натпреварот во кој Монпеље победи со резултат 3:0.

Исијага го започна натпреварот од првата минута, соиграчите се обидоа да го утешат пред почетокот на натпреварот, а солзите на неговото лице ги растажија сите присутни на стадионот, но и оние кои го следеа овој натпревар на малите екрани.