Connect with us

Кошарка

Драгич очекува голем едногодишен договор од Мајами

Раководството на НБА клубот Мајами, се подготвува да му понуди на Горан Драгич голем едногодишен договор во текот на летото. Се очекува сумата на предлогот да биде околу 19 милиони долари, што Драгич ќе ги добие оваа сезона објави „The Miami Herald“.

„Хит“ го цени придонесот на Словенецот, професионализмот и огромното позитивно влијание како играч од клупата.

„И не заборавајте дека Џими Батлер и Драгич се блиски пријатели“, напиша новинарот Бери Џексон.