Connect with us

Фудбал

Драма во шпански тим, фудбалер заразен со коронавирус итно префрлен во болница

Еден од играчите на шпанскиот вторлигаш Фуенлабрада преживува вистинска драма. Поради компликации предизвикани од коронавирус, тој ја загубил свеста и итно е префрлен во болница во Ла Коруња каде овој тим се наоѓа веќе неколку дена.

Вчера е откриено уште шест позитивни случаи во овој шпански второлигаш и од тогаш во сите соби и на сите членови на тимот се вршат тестирања.

Пред четири дена е откажан мечот Депортиво-Фуанлабрада бидејќи биле регистрирани седум позитивни случаи на коронавирус.