Кошарка
Дрес на Мајкл Џордан кој го носеше во Барселона продаден за 216 илјади долари
Потпишан дрес кој Мајкл Џордан го носеше на Олимписките игри во 1992.година во Барселона е продаден на аукција за 216 илјади долари. Аукцијата траела две недели, а почетната цена била 25 илјади долари.
-Мајкл Џордан е најголемата спортска икона на сите времиња. Колекционерите ја искористија ретката можност да дојдат до неговиот дрес кој го носел играјќи за најдобриот кошаркарски тим некогаш составен, објави Брајан Драјер, претседател на куќата „Роберт Едвард“, специјализирана за продажба на скапоцени спортски предмети.
Michael Jordan’s game-worn jersey from ’92 Olympics goes for $216k in auction pic.twitter.com/mCn5wpIYMR
— For The Win (@ForTheWin) April 20, 2020