Connect with us

Фудбал

Дресот на Герет Бејл е најпродаван во САД

Со доаѓањето на велшката ѕвезда Герет Бејл во МЛС, трансферот во ФК Лос Анџелес се покажа како полн погодок, бидејќи дресот на поранешниот играч на Реал Мадрид и Тотенхем моментално е најпродаван преку Атлантикот.

Откако дојде во САД, Бејл сега има девет натпревари и два гола и е најголемата ѕвезда во моментов, што го потврдува и продажбата на дресовите што ја објави МЛС.

Зад него во продажбата на дресови е Кристијан Фукс, поранешниот фудбалер на Лестер, заедно со Мексиканецот Карлос Вела, а зад тоа трио стои уште еден Мексиканец, Хавиер Ернандез – Чичарито.