Connect with us

Кошарка

Дресот на легендарниот Германец, Дирк Новицки повлечен (ВИДЕО)

НБА тимот Далас Маверикс одлучи да го повлече од употреба дресот со бројот 41 и на овој начин да му покаже почит на легендарниот Дирк Новицки. Германецот во НБА играше само за еден тим, а тоа е Далас со кој освои шампионски прстен во 2011 година.

Новицки е на шестото место на најдобри поентери во историјата на лигата, а 14 пати настапи на „Ол стар“ натпреварот.