Фудбал
Дриблинг за паметење, солзи, тишина и гол кој боли
Поминаа точно 22 години од антологискиот натпревар од Лигата на шампионите и натпреварот кој долго ќе се памети.
На денешен ден, реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 1999/2000, Реал Мадрид го совлада Манчестер Јунајтед со 2:3 на Олд Трафорд. Првиот дуел во Мадрид заврши со резултат 0:0.
Јунајтед испадна во реваншот по 53 минути игра кога кралевите водеа со 0:3, а Раул Гонзалес беше одличен со два гола.
Сепак, една ситуација го одбележа овој натпревар и му даде посебен печат, а тоа беше маестралниот дриблинг на Фернандо Редондо, кој со петта го „нокаутира“ Берг, додаде на страна и му асистираше на Раул за голот.
🗓On This Day in 2000: Fernando Redondo produced the filthiest of filthy assists at Old Trafford🔥pic.twitter.com/apni7OYPdd
— COPA90 (@Copa90) April 19, 2022
До крајот на натпреварот Јунајтед постигна два гола преку Бекам и Сколс, но тоа беше се.
Реал во споменатата сезона стигна до финалето каде ја совлада Валенсија и со тоа стигна до титулата европски првак, додека мечот на Олд Трафрод го зазеде местото во фудбалските енциклопедии.
Во Манчестер беше молк по 0:3, трошка надеж беше при 2:3, но на крајот сепак имаше солзи на „Театарот на соништата“, а дриблингот на Редондо и голот на Раул сепак ги повредија навивачите на Манчестер Јунајтед.