Фудбал
Дрим Тим кој апсолутно ништо не кошта
Крајот на фудбалската сезона се наближува, а има еден сериозен тим играчи кои ќе станат слободни.
Кога велиме слободни, мислиме на истекувањето на нивните договори со сегашните клубови, но сите тие веќе имаат направено план и знаат каде ќе играат во новата сезона.
Но, ако ги избереме најдобрите 11 играчи што ќе останат на крајот од сезоната без договор, бидејќи одбија продолжување на договорот, тогаш ќе добиеме тим од кој ќе се плаши и трепери најмоќниот тим во Европа.
Лукас Храдецки(Франкфурт) – Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Стефан де Врај (Лацио), Џорџо Киелини (Јувентус), Ашраф Хакими (Реал Мадрид) – Бернард (Шахтјор Доњецк), Кмре Џан (Ливерпул), Џек Вилшер (Арсенал), Макс Мајер (Шалке) – Фернандо Торес (Атлетико) и Марио Балотели (Ница).
Сè уште не е познато каде овие играчи ќе ја продолжат кариерата, но сигурно е дека Де Врај во Интер, Џан во Јувентус, Киелини би можел да остане во Јувентус, Торес наводно, се сели надвор од Европа, Вилшер можеби во Милан, Марио Балотели наводно, се подготвува да се врати Серија А.