Други спортови
Дрита Ислами и Дарио Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во Берлин
Македонија на Европското првенство во атлетика, што се одржува во Берлин од седми до 12 август, ќе ја преставуваат само двајца натпреварувачи – Дрита Ислами и Дарио Ивановски.
Ислами ќе трча во дисциплината 400 метри со пречки, а ќе настапи на седми август во утринската програма. Нејзин најдобриот резултат на оваа делница е 59.33 секунди од јуни минатата година.
Дарио Ивановски ќе се натпреварува во дисциплината 1.500 метри, а неговиот квалификациски настап е на осми август. Најдобар негов резултат на оваа делница е 3:47.13 минути.
Игор Јакимовски ќе биде официјално лице и тренер на македонската репрезентација. Викендов тие ќе заминат во Германија.