Други спортови
Државниот врв и политичари им честитаа на македонските одбојкари за ЕП
Македонските политичари им честитаа на македонските одбојкари кои и оваа година донесоа радост кај сите нас и се пласираа на Европско првенство.
Од државниот врв на момците не им честитеше само претседателот на Собранието, Талат Џафери. Честитки испратија, претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.