Други спортови
Државното првенство во бокс завршува во сабота
Државното првенство за оваа година завршува во сабота. Кај возрасните шампионската титула му припадна на БК Чаир. Имено, викендов ќе се одлучи кој ќе ја освои титулата кај младите откако на програма е последното коло за оваа сезона. Чаир има бод повеќе од Пинк Пантер и Баргала, двата штипски клуба. Клубот од Скопје се плаши само од судиските неправди кои можат да се направат како и од службениот лекар.
„Тие се домашни клубови и ќе се борат пред својата публика. Но, и судиите иако на некој начин се независни, можат да бидат наклонети кон Баргала и Пинк Пантер. Тројца од петмина судии ќе бидат од Штип. Исто така и службениот лекар е од Штип. Ние не се плашиме од никого. Ако има правда и не ни нанесат неправда, сигурно дека БК Чаир ќе докаже дека е најдобар и кај младите“ – изјави Фатон Салиху- претседател на БК Шкупи
Управниот Одбор на БФМ ја одреди висината на наградите кои ќе ги добијат клубовите кои ќе бидат прогласени за државен првак оваа година. Државниот првак во конкуренција на возрасни ќе добие 40.000 денари додека шампионот кај младите 30.000. Оваа е прва сезона каде првите места добиваат вакви премии.
Сафет Адеми