Фудбал
Дури 13 играчи на АЗ Алкмар имаат коронавирус, но дали тие сепак ќе играат против Наполи?
Бројот на играчи на АЗ Алкмар позитивни на коронавирус се искачи на 13, но сепак е можно овој тим да го игра натпреварот од Лига Европа против Наполи во Неапол во четврток навечер.
Претходно имало осум играчи заразени со коронавирус, но изјавата објавена попладнево потврдува уште пет позитивни тестови.
Во соопштението се истакнува и дека повеќето од играчите се асимптоматски, а нивниот натпревар со Наполи треба да се одвива според планот.
АЗ ќе патува за Италија со група од само 17 играчи на располагање утре, а нивните имиња ќе бидат потврдени во среда наутро.
Наполитанците најдобро знаат кои се проблемите затоа што не отпатуваа во Торино неодамна на дербито со Јувентус, па им беше препишан службен поразот од 3:0.