Connect with us

Фудбал

„Дури и Ѓоковиќ да освои 25 Грен слемови, Надал ќе … “

Рафаел Надал ја освои рекордната 21. Грен слем титула со триумфот на Австралија Опен.

Зад себе, со по 20 освоени титули ги остави уште две легенди, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Во друга изјава тренерот на Шпанецот Карлос Моја повторно го допре Новак Ѓоковиќ и рече дека Надал би бил задоволен доколку Србинот заврши со 25 титули, а тој остане на 21.

„Кога ќе размислите за тоа, тоа е импресивен ефект. Ние во Австралија никогаш не сме разговарале за 21-та титула. Знаевме дека има шанси да ја освоиме, но зборувањето за тоа само ќе донесе дополнителен притисок. Не сакам да охрабрувам дебата за тоа кој ќе има најмногу.титула, тоа им го оставаме на навивачите и новинарите“, изјави Моја и додаде:

„Рафа е задоволен од тоа што го има. Ќе биде среќен ако заврши со 21 трофеј, а Ѓоковиќ со 25. Не е добро да се биде опседнат. Надал е мотивиран, нема да се откаже од борбата за 22-та титула, доколку се појавува можност. Што се однесува до дебатата, се додека се активни, нема многу смисла. Се разбира, верувам дека Рафа може да освои 24 или 25 Слемови“.

Следен Грен слем е Ролан Гарос и ќе биде интересно да се види дали ќе има нови поместувања на врвот или пак некој друг ќе ја освои титулата.