Фудбал
Душан Тадиќ: Оваа одлука е големо разочарување за мене
Ајакс е актуелен лидер во Холандија, но бидејќи првенството беше прекинато поради коронавирусот, беше решено никој да не ја освои титулата.
Ајакс и АЗ имаа ист број на бодови, со тоа што екипата на Амстердам има предност поради подобра гол-разлика, но има послаб однос со екипата на АЗ Алкмар, која славеше во двата меѓусебни натпревари оваа сезона. Доколку КНВБ решил да го гледа моменталниот пласман, Ајакс би бил шампион, но сојузот на крајот објави дека нема да има шампион оваа сезона.
„Јас играм фудбал за да освојам трофеи, исто како и играчите на АЗ Алкмар, ПСВ и Феенорд. И трофејот на државниот шампион е одлично признание. Оваа одлука е големо разочарување за мене“, изјави Тадиќ за холандските медиуми и продолжи:
„Поентата е во тоа дека ние сме лидери на табелата до моментот на прекин на сезоната. Гол разликата е тоа што одлучува. Да беа тоа меѓусебните дуели, АЗ треба да биде шампион според мене. Јас сум професионалец и сакам да го освојам секој трофеј. Сега го чувствувам тоа дека тие го зедоа тоа од мене“, рече Тадиќ.
Фудбал во Холандија нема да има до 1 септември, па екипите веднаш ќе бидат фокусирани на новата сезона и Ајакс ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите. АЗ ќе треба да се квалификува за ЛШ, додека ПСВ, Феенорд и Вилем ќе играат во Лигата на Европа.