Connect with us

Ракомет

Душебаев: Карачиќ го сакаше Вардар и без плата, нема да биде исто и со Киелце

Игор Карачиќ во моментов ги брани боите на Киелце. Шампионот на Полска е во сериозни финасиски проблеми, а претседателот на клубот, Сервас побара трпение од своите играчи.

Тренерот на Киелце, Талант Душебаев  зборуваше за евентуалното скратување на платите на играчите поради финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот со кои се соочува клубот.

„На темата финансии морате да зборувате внимателно. Игор Карачиќ дури 18 месеци играше без плата во Вардар, по доаѓањето во Киелце треба да се откаже од солиден дел од своите примања, не треба да се очекува дека ќе го направи истото како во Скопје и никој не може да го обвини ако си замине доколку некој му понуди подобри услови“– изјави Душебаев.