Фудбал
Два пенали му помогнаа на Марсеј да го скрши отпорот на борбениот Нант
Морсилија оствари исклучително тешка победа со 3:2 на домашен терен против Нант во 33. коло од Лига 1 на Франција. Домаќините на Велодром мораа да направат пресврт за да дојдат до трите бода. Два гола им паднаа од пенали.
Нант двапати водеше преку Андреј Жирото 2 6. и Маркус Коко во 42. минута, но двата пати Марсеј израмнуваше по двата гола од пенали на Димитри Паје. Домаќините на крајот успеаја да дојдат до трите бода по голот на Амин Ари во 75. минута.
Воедно, Лион потфрли на гостувањето кај Брест. Натпреварот заврши со успех од 2:1 за домаќините откако Стив Муни погоди од пенал во 27. и Ирвин Кардона во 74. Стрелец за гостите беше Муса Дембеле во 72. минута.
Во другите доцни натпревари од колото Стразбур со 2:1 победи над Рен, а Ленс го совлада Монпеље со 2:0.
Така, ПСЖ продолжува да води во поредокот со 77 бодови, пред Марсеј со 62 и Рен, Стразбур и Монако со по 56 бодови, односно 3, 4 и 5 место на табелата.