Фудбал
Два супер меча ќе го означат рестартот на фудбалот во Италија
Сезоната во Италија ќе се рестартира со полуфиналните мечеви во Купот помеѓу Јувентус и Милан и Наполи и Интер. Тие ќе се играат на 13-ти јуни се разбира без публика. Првиот меч помеѓу Милан и Јувентус заврши 1:1, додека Интер на домашен терен загуби од Наполи со 0:1.
Серие А се враќа недела дена подоцна, односно 20 и 21 јуни.
Јувентус е лидер со 63 бодови, Лацио е втор со 62, Интер трет со 54 бодови, а првата четворка ја заокружува Аталанта со 48 бодови.