Поврзи се со нас

Кошарка

Два тима гласаа за прекин на сезоната во НБА

Драматична вечер се виде во НБА-лигата.

Синоќешните натпревари во плеј-офот беа одложени откако екипите решија да ги бојкотираат, поради полициската бруталност кон Афроамериканците, а синоќешните три меча беа откажани.

Сепак, се чини дека плеј-офот ќе продолжи. Синоќа екипите гласаа за продолжување на сезоната и сите екипи освен Лејкерс и Клиперс гласаа да продолжат.

Кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс беше најгласниот. Тој побара од сопствениците да бидат повеќе вклучени во сè, и го напушти состанокот.

Кошаркарите денеска ќе одржат друга средба и ќе биде донесена конечната одлука за продолжување на сезоната.

Facebook

loading...