Фудбал
Двајца искусни играчи заминуваат на почетокот од овој месец од Манчестер Јунајтед
Манчестер јунајтед е подготвен да се ослободи од некои играчи за време на зимскиот преоден рок.
Јасно е дека веќе некое време натпреварите и резултатите на Јунајтед не личат на тим што со години е во самиот врв на англиската Премиер лига и, соодветно на тоа, челниците на клубот бараат различни начини за зајакнување на тимот.
Според островските медиуми, Оле Гунар Солскјаер веќе пречкртал некои играчи и наводно им кажал дека можат да заминат овој месец.
Ед Вудвард, директорот на клубот, е подготвен да ги исполни барањата на Солскјаер, па искусниот српски играч од средниот ред Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“
Матиќ освои две титули со Челси и беше донесен во Јунајтед од поранешниот менаџер Jозе Мурињо, но искусниот репрезентативец на Србија веќе некое време не е во плановите на тренерот.
Аргентинскиот дефанзивец Маркос Рохо, кој потпиша за Манчестер Јунајтед за 16 милиони фунти во 2014 година, не игра под водство на Солскјаер повеќе од еден месец и веројатно ќе го напушти клубот.