Фудбал
Двајца израелски фудбалери одбија да излезат на теренот, бидејќи пред почетокот на мечот се одаваше почит на загинатите Палестинци
Рамзи Сафури и Сагив Јехезкел, израелски фудбалери кои играат за Анталија, одбија да излезат на теренот во саботата во знак на протест поради одлуката да им оддадат почит на палестинските жртви.
Сите натпревари од ова коло од турската лига ќе започнат со едноминутно молчење, а играчите ќе имаат црни цветови на дресовите. Тоа им пречеше на двајцата Израелци кои одбија да излезат на теренот. И двајцата се претставници на својата земја, а за ваквата одлука ја информираа јавноста.
– Како фудбалери кои гордо го носат дресот на израелската репрезентација, немаме намера да учествуваме на церемонијата што ќе се одржи на стадионот пред натпреварот. Тоа им го кажавме на луѓето кои го водат нашиот клуб и тие ја почитуваат нашата одлука – напишаа Сафури и Езекиел во заедничката изјава пред натпреварот. На крајот Анталија беше поразена на гостувањето кај Газиантеп со минимален резултат, а решавачкиот гол го постигна Енкулу во 71. минута.