Други спортови
Двајца луди Руси беа затворени во телефонска говорница, следеше масакр од 15 секунди
Верувале или не, но Русите измислиле нов борбен спорт – борба во говорници.
Русија има многу разлики од остатокот од светот и е на чело на експерименталните битки кои оставаат многумина без никаков коментар.
Во минатото имале низа бизарни тепачки, како онаа во која 75-годишен дедо и неговиот внук се степале со жена во октагонот.
Тоа беше уште една серија апсурдни пресметки, од кои се издвојува екипната борба, каде борците носеа врзани очи и практично не знаеја каде удираат.
Сега организираа настан каде двајца борци се степаа во телефонска говорница. Во близина е поставена и мала трибина, додека се е снимено со неколку камери.
Очигледно е дека нема правила во борбата. Борците се удираа како знаат и умеат. Дозволени се тупаници, шлаканици, па дури и лактите.
Ги затворија 19-годишниот ММА борец Иван Чугунов и три години постариот Павел Молчанов, шампион на Русија во бокс КМС и шампион на кавкаскиот регион во ММА.
PHONE BOOTH FIGHTS??????? pic.twitter.com/dchFqUJMuY
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) September 16, 2022
Бруталната тепачка траеше само околу 15 секунди, а Чугунов го победи својот ривал кој падна на подот, па судијата кој стоеше надвор од подиумот ја прекина тепачката.
Видеото од тепачката очекувано стана вирално и за кратко време собра голем број прегледи, а двајцата руски лудаци беа воодушевени од коментарите.
View this post on Instagram
Инаку, целиот настан беше организиран од руска агенција наречена Punch club. Така тие неодамна организираа ММА пресметка во кабриолет автомобил и на огромни контејнери прикачени на кран над водата.