Connect with us

Фудбал

Двајца од оваа фотографија денеска се ѕвезди во Премиер лигата, третиот монтира прозорци

Роман Абрамович во претходните години многу вложил во фудбалската академија на Челзи и тоа конечно почнува да се исплатува, бидејќи оваа сезона, кај тренерот Франк Ламард огромен товар понесоа играчите кои потекнуваат од младите категории. Еден од нив е Мејсон Маунт, кој е лево на фотографијата погоре. Челзи воедно откри дека 60 милиони фунти платениот Пулишиќ бил во фудбалската академија на Челзи, тој се наоѓа веднаш до него.

Се разбира, не можат сите да станат успешни фудбалери. Па, момчето со црвенкава коса неколку години подоцна, за разлика од останатите двајца од оваа фотографија, монтира прозорци. Во меѓувреме игра и фудбал, но за аматерскиот Херн Беј. Се вика Том Карлтон и вели:

-Не сум знаел дека Пулишиќ бил кај нас додека не ја видов оваа фотографија. На таа возраст сите сме исти, секој можел да биде тука. Кога ќе пораснете, тогаш ќе видите кој успеал, а кој не, вели Том Карлтон во интервју за „Атлетик“.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com