Фудбал
Двајца заразени со коронавирус во Бешикташ
Двајца членови на турскиот гигант Бешикташ се позитивни на коронавирусот, објавија од клубот.
Еден фудбалер и еден член на персоналот на Бешикташ, наводно, биле заразени, но не се објавени имиња за зачувување на приватноста на тие лица.
Бешикташ е меѓу првите турски клубови кои започнаа со тренинзи во помали групи, а лигата треба да продолжи на 12 јуни без публика по претходната повеќемесечна пауза поради пандемијата.
По 26 кола во турскиот шампионат, Бешикташ го зазема петтото место на табелата со 44 бода, додека водечкиот Трабзонспор има 53 бода, исто колку и второпласираниот Башакшехир.
Претседателот на турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир изјави дека земјата планира да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во август.