Фудбал
Две каталонски радија објавија: Валверде добил отказ, се чека потврда од Барселона
Две каталонските радио станици „Onda Cero“ и “Katalunya Radio“ објавија дека Ернесто Валверде добил отказ. Според двета горе спомнати медиуми, тренерот имал состанок со раководството на клубот кое му соопштило дека ќе биде разрешен.
Информациите се уште не се потврдени или демантирани од страна на Барселона, но сепак пред неколку минути и други медиуми објавија дека Валверде ја напуштил базата на каталонскиот тим, без да каже за што разговарале со првиот човек на тимот Бартомеу.