Други спортови
Две светски познати автомобилски марки влегуваат во Формула 1
Познатите брендови на Фолксваген, Ауди и Порше, ќе влезат во Формула 1 откако ќе го убедат германскиот производител на автомобили дека овој потег ќе донесе повеќе пари отколку трошоци, изјави извршниот директор на „VW“, Хербер Диес.
Иако разговорите донесоа неколку поделби во групата, но по денешниот состанок во Волфсбург беше одлучено да се влезе во Формула 1.
Ауди се подготвува да плати 500 милиони долари на Мекларен како знак за влез, додека Порше планира долгорочен договор со Ред Бул Рејсинг.
Раководните лица на „VW“ беа убедени и во фактот дека Формула 1 е одлично место за рекламирање, па Порше ќе ги намали активностите во другите тркачки спортови, а повеќе ќе се фокусира на Ф1.
Инаку, со месеци се шпекулира дека Ауди и Порше ќе влезат во најбрзиот октански циркус во светот, каде со години доминира најголемиот ривал на Волксваген – Мерцедес.