Други спортови
Двокраниот светски шампион суспендиран на четири години
Двократниот светски шампион во пливање, Италијанецот Филипо Мањани, е суспендиран на четири години поради допинг. Тој и неговиот колега од штафетата, Микеле Сантучи, се суспендирани по четири години поради користење и обид за консумирање на забраниети супстанци. Двајцата беа поврзани со нутриционистот Гвидо Порчелини, кој е суспендиран на 30 години поради тоа што ги снабдувал спортистите со недозволиви супстанци.

Мањини заедно со Сантучи го освоија бронзениот медал во штафетата 4х100 на Светското првенство во 2015 година, а озвои и три медали во поединечна конкуренција на Европските првенства. Мањани во текот на кариерата остро ги напаѓање спортистите кои користеа допинг.
- Ништо не сум направил. Оваа казна е смешна, изјави Филипо.
Обвинителот во текот на допинг случајот побара Мањини да биде суспендиран на осум години, иако тој ја заврши кариерата.