Connect with us

Фудбал

Е, ова е пример за упорност: Заигра фудбал по тешки 1.128 дена!

Капитенот на Виљареал, Бруно Соријано се врати на терените во шпанската Примера и по пауза од три години одново заигра за својот клуб во ремито дома против Севиља (2-2). Тој го замени Пако Алкасер во 88. минута од средбата и одигра неколку минути.

Последниот натпревар кој Шпанецот го одигра беше во мај 2017 година, пред да се здобие со сериозна повреда на коленото. Играчот за врска од Виљареал по точно 1.128 денови одново истрча на терените во својата земја.

Иако мина само неколку минути во игра, сепак враќањето на Соријано на 36 годишна возраст е од огромно значење како за него, така и за клубот и навивачите.

gol.mk