Фудбал
Е, ова се случува во Саудиска Арабија – Навивач по мечот му подари Ролекс на фудбалер, поранешната ѕвезда на Ливерпул во шок! (ВИДЕО)
Фабињо (29) од Ливерпул замина во Саудиска Арабија, потпиша за Ал-Итихад и таму го дочека изненадување. По натпреварот против Ал Раед, навивачите го чекаа пред стадионот. Еден од нив беше воодушевен од играта на Бразилецот и му подари Ролекс, исто така не можеше да поверува што се случува.
Поранешниот играч на Ливерпул се упати кон излезот, а потоа беше повикан од навивач. На видеото се гледа дека постои јазична бариера, но тоа брзо било решено кога човекот го извадил часовникот и му го ставил на раката на Фабињо. Бразилскиот играч остана во шок, не можеше да поверува. Дури и часовникот му падна на земја, брзо го подигна и покажа дека се е во ред и не е оштетено.
Fabinho was gifted a Rolex by a fan because he played well… A FAN.
Na we can’t compete with Saudi 😂😂 pic.twitter.com/VgDWduDeEB
— The Kop Watch (@TheKopWatch) August 14, 2023
Таму Фабињо игра со Нголо Канте, а не е единствениот кој решил кариерата да ја продолжи во С.Арабија. Меѓу првите се пресели Кристијано Роналдо, а сезонава пристигнаа Карим Бензема, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон, Ријад Махрез, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а многу брзо се очекува да пристигне и Нејмар…