Поврзи се со нас

Фудбал

Е, поради ова се сака фудбалот: За 11 години од петта лига, до полуфинале во Лигата на шампионите

19 мај 2009 година, се формираше Лајпциг, откако го купија  ССВ Маркранштат кој се натпреваруваше во петата лига во Германија. Веројатно овој датум ќе беше помалку важен да не беше синоќешниот меч. Лајпциг-Атлетико Мадрид 2:1. Каков само подвиг и успех направи германскиот тим кој се пласираше помеѓу најдобрите четири екипи во ЛШ за оваа сезона.

-текстот продолжува по рекламата-

„Метеорскиот подем“ на Лајпциг како што го нарече Би-Би-Си во својот текст, доволно покажува какво внимание привлекле со синоќешната победа. За само 11 години, Лајпциг од петтата лига во Германија, успеа да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите.

-текстот продолжува по рекламите-

Сега, ќе играат против ПСЖ, против Нејмар, Мбапе и другите, дали ќе можат да го продолжат нивниот сон.

-Јас сум можеби еден од најсреќните тренери во светот, изјави Јулијан Нагелсман, тренер на Лајпциг по триумфот над Атлетико Мадрид.

Како и се во клубот и Нагелсман е млад, има само 33 години, а блеска со неговата работа и успеси.

-Се пласиравме во Бундеслигата, три пати се квалификувавме во Лигата на шампионите. А, оваа сезона се уште сме тука. Клубот напредува многу побрзо од очекуваното, изјави тој.

И во право е. За само седум години од петтата лига стигна во Бундеслигата. Уште четири им беа потребни да стигнат до полуфиналето во ЛШ.

 

 

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама