Други спортови
Е-СПОРТ: Македонија стана светски првак во CS:GO
Македонската „Кантер Страјк – Глобал Офенсив“ (CS-GO), репрезентација стана светски првак по победа од 2-0 во финалето против Романија на Светското првенство во Израел.
Покрај златниот медал македонската репрезентација ќе добие и 10.000 долари награда за првото место.
Нашата репрезентација на мапата „Инферно“ победи со 16-10, додека на мапата „Мираж“, славеше со 16-11.