Фудбал
Ед Вудвард: Целиот фудбалски бизнис наскоро ќе се промени
Според претседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард претстојниот трансфер период нема да биде како претходните, односно ќе има сосема поинакво лице заради пандемијата од коронавирус.
Вудвард смета дека клубовите веќе нема да можат да трошат стотици милиони евра за привлекување на играчите што им се потребни.
Во неговите очи, ефектот од пандемијата ќе биде многу силен. Премиер лигата запре на 13 март и клубовите изгубија и продолжуваат да губат многу пари.
„Целиот фудбалски бизнис наскоро ќе се промени“, рече шефот на „Олд Трафорд“, кој не очекува брзо финансиско закрепнување.
Вудвард се прогласи за изнаоѓање начин да се заврши сезоната, колку и да е тоа тешко со оглед на ситуацијата.
Манчестер јунајтед е на петтото место во привремениот пласман и се надева дека ќе си најде место во групите во Лигата на шампионите.