Connect with us

Фудбал

Еден Азар пак претерал, во Реал Мадрид загрижени

Се чини дека Еден Азар ништо не научил од претходниот пат. Минатата сезона ја почна со 5 килограми вишок, поради што мораше да има специјални тренинзи, па поради тоа не беше на ниво на кое сите очекуваа, како она во Челзи.

Но, се чини дека и оваа првенствена пауза претерал. Според фотографиите Белгиецот повторно има некој килограм вишок, поради што секако во Реал Мадрид се шокирани.

Според шпански „Спорт“ Реал е загрижен бидејќи 29-годишниот фудбалер не е во форма, а неговата професионалност и посветеност кон клубот се донесени под знак прашалник. Се претпоставува дека за Азар да се врати во форма и да ја намали килажата ќе бидат потребни 20-тина дена, а до тогаш ќе поминат првите две три воведни кола од Ла Лига.

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com