Connect with us

Фудбал

Еден Азар планира да биде во Реал уште две години

Белгиецот Еден Азар изјави дека има намера да го исполни договорот со Реал Мадрид , кој истекува во 2024 година. „Моите први три сезони со тимот не поминаа добро, но сакам да им покажам на сите што можам да направам. Отсекогаш ми било сон да играм за Реал Мадрид и сè уште е“, рече 31-годишниот.

„Се надевам дека никогаш повеќе нема да се повредам. Сакам да дадам се од себе за тимот и да ги свртам работите што ми се случија. Сакам да играм фудбал овде и да освојувам титули, да бидам важен за тимот“, рече Азар.

“Во моментов се чувствувам добро. Играв против Кадиз, но сепак ми недостасуваат повеќе минути на теренот. Зглобот ми е во ред, па со добро чувство се упатувам кон финалето”, изјави Белгиецот.

Дека Азар и Герет Бејл се добро и достапни за големиот натпревар против Ливерпул во Лигата на шампионите потврди и главниот тренер Карло Анчелоти . „Еден Азар може да игра во финалето, Бејл исто така. Сите играчи сакаат да учествуваат, дури и на пет или десет минути“, изјави Анчелоти.