Фудбал
Еден клуб е без конкуренција, купи ефтино продај скапо, фудбалот е добар бизнис
Холандскиот тим Ајакс со години наназад важи за еден од најголемите расадници на фудбалски таленти. Тоа продолжува да го покажува. Фудбалери кои потекнуваат од нивните младински категории играат во најсилните клубови во светот.
Освен што имаат одлична фудбалска академија, имаат и фантастична трансферна политика. Купи ефтино, продај скапо, а сето тоа добро се исплати.
Еве само дел од нивните трансфери на кои заработиле милиони.
Хаким Зијех – купен за 11 милиони, продаден за 44 милиони евра
Дејвинсон Санчез – купен за 4 милиони, продаден за 40 милиони
Аркадиуш Милик – купен за 2,8 милиони, продаден за 35 милиони
Френки Де Јонг – купен 10 милиони, продаден за 75 милиони
Матијас Де Лигхт – купен за 0 евра, продаден за 75 милиони евра
*Наскоро се очекуваат продажби на Ван де Бик, Тадиќ, Нерес и Онана…