Ракомет
Еден од најдобрите хрватски ракометари потпиша за Металург
Следната сезона се чини дека Македонија ќе има три добри ракометни тимови. Се засилуваат Вардар и Еурофарм Пелистер, но се засилува и Металург. Последните информации, потврдени од тимот од Автокоманда, велат дека Златко Хорват ги договорил сите услови и кажал да на некогашниот македонски шампион.
Целата своја кариера ја помина во Загреб, од 2002 до 2020 година, а сега ќе се обиде да му донесе квалитет и искуство на Металург. Хорват има 35 години, освои бројни шампионски титули во Хрватска, со селекцијата освоил три сребрени и четири бронзени медаљи на Европски, Светски и Олимписки собири.